Љубовните писма на Мик Џегер ќе се продаваат на аукција

Марша Хант, поранешната девојка на фронтменот на Rolling Stones, Мик Џегер, реши да ги продаде неговите љубовни писма адресирани до неа.

 

Писмата се пишувани во далечното лето во 1969 година, додека Мик Џегер го снимал филмот Ned Kelly во Автсралија. Во нив се гледа неговата нежна и поетска страна. Марша изјави за јавноста дека мора да се одлучи на ваков чекор бидејќи е “шворц”.

 

Писмата се проценети дека вредат околу 150.000 долари. Хант и соопшти на јавноста дека и е жал што мора да се раздели од овие писма, но е среќна што некоја нова генерација ќе може да ги добие нивните писма и да видат каков живот воделе во тоа време, кои биле нивните соништа и идеали.

 

Плод на љубовта на рок легендата и Марша е нивната ќерка Карис. Џегер, покрај љубовните писма, ја напиша и песната Brown Sugar, посветена токму на Хант. 

 

 

Поврзани статии:

Rolling Stones на турнеја

 

 

 

Rolling Stones објавија уште една песна 'One more shot'

 

 

 

 

 

 

5 тајни врски на славните

 

Пронајдете не на следниве мрежи: