Промени на Facebook – вака ќе изгледаат “вашите пријателства”

Facebook уште пред 2 години претстави страница на пријателството на која се наоѓаат информации за меѓусебните активности на корисниците на оваа друштвена мрежа – заеднички фотографии, заеднички пријатели, групи и слично. 

Страницата на пријателството во моментов изгледа како старите профили – сите пораки на ѕидовите, фотографии и слично, се наоѓаат во еден ред на средината на екранот, додека од левата страна се наоѓаат додатните опции (на пример, ако сакате да ги прегледате само пораките оставени на ѕид, или само настаните на кои заедно сте присуствувале) и информациите за заедничките пријатели, додека од десната страна се наоѓаат линкови на заеднички страници на пријателствата со вашите останати пријатели на Facebook.

 

Оваа компанија сега подготвува новитети на страниците за пријателства, па, според Mashable, овие страници набрзо ќе изгледаат многу поубаво, изработени во стилот на Timeline, а посебен акцент ќе биде ставен на заедничките страници на личности кои се во врска или во брак. Страниците за пријателство ќе имаат големи насловни фотографии (cover фотографии), избрани од Facebook на база на број на like-ови, коментари и tag-ови, а истата ќе може потоа да ја промените. Воведена е и посебна опција на која ќе може да се внесат и информации за тоа каде и како се запознале личностите, а на новата страница може и да се нагласат (опцијата “highlight post”) објавените пораки, исто како и на личните профили. 

 

Овие опции ќе бидат најинтересни за оние кои се во врска и кои на заедничката страница ќе можат да одбележат некои важни настани од врската, да сочуваат фотографии, како и информации за тоа каде и како се запознале, годишнини итн. Од Mashable велат дека Facebook ќе почне да ги надоградува страниците за пријателство во наредните денови, а за некои корисници работата е веќе завршена. 

Facebook планира во скоро време да го промени и дизајнот на Timeline. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Facebook со новости: Среден прст и Dislike на чет

 

Најголемата социјална мрежа на светот, Facebook, има многу помалку корисници од фактичките бројки

 

Фејсбук ја блокира опцијата за препознавање на лица

 

Пронајдете не на следниве мрежи: