Иако од свадбата на овој познат холивуски пар не пројде ниту еден месец, тие веќе имаат проблеми.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк беа главни ѕвезди во сите медиуми поради својата венчавка која ја чуваа во тајност со последниот момент. Венчавката беше една од најскапите холивудски венчавки во последниве неколку години. Таа чинеше 6,5 милиони долари и се одржа во ексклузивен ресторан во Италија.
Но откако нивниот меден месец заврши, проблемите почнаа. Наводно, Џастин има проблем да се навикне на брачниот живот. Негова рутина се долгите ноќни излегувања низ дискотеките на Лас Вегас со пријателите, каде троши доста пари на алкохол и девојки. Џесика решила да стави крај на сето ова, бидејќи таа не му верува откако тој ја изневери со глумицата Оливија Мун.
До расправија меѓу младиот брачен пар дошло кога Џастин не сакал да помине уште една мирна ноќ во друштво само на неговата нова сопруга, па решил да излезе со своите пријатели. Џесика силно се спротиставила на ова, но и покрај нејзините желби и предупредувања да останат таа ноќ заедно, Џастин решил да лудува со другарите. Пријател близок на парот изјави дека по бурната расправија тие се смириле со помош на нивните пријатели, но нивните проблеми не исчезнале.
Поврзани статии:
Џастин и Џесика конечно се венчаа
Џенет Џексон ја подготвува најскапата свадба на векот!
Тајна венчавка на Џенифер Анистон на имотот на Џулија Робертс
Пронајдете не на следниве мрежи: