Во првиот круг од претседателските избори во Словенија поранешниот премиер Борут Пахор освои 40 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Данило Турк, 35, 84 проценти, додека европратеникот Милан Звер 24,16 отсто од гласовите, според државната изборна комисија.
Така во вториот круг од словенечките избори коишто ќе се одржат за три седмици влегуваат Борут Пахор и Данило Турк.
Како што објави во неделата државната изборна комисија, на изборите за претседател на државата излегле 816 илјади избирачи, односно одѕивот бил малку помалку од 48 отсто.
Вториот круг од изборите ќе биде распишан до крајот на седмицата, до кога треба да бидат објавени и официјалните резултати по пристигнувањето на гласачките материјали од странство, но според нивниот број тие не може да ги изменат резултатите од првиот изборен круг.
Преземено од Макфакс (https://www.makfax.com.mk/)
Пронајдете не на следниве мрежи: