Најголемиот пајак во Велика Британија

Ова сигурно не се пријатни вести за арахнофобите. Велика Британија веќе неколку години спроведува кампања за спасување на овој вид пајаци. Пред неклку дена The Daily Telegraph објави дека научниците конечно потврдиле дека овие пајаци започнале да ги шират своите живеалишта и да се појавуваат во поголеми броеви. Овие пајаци, кои имаат способност да стојат над водната површина, се меѓу најретките видови во светот. Намалувањето на нивните бројки главно се должи на окупирањето на земјиштето кое претставувало нивна територија и приспособувањето на истото за на него да можат да се населат луѓе. Сепак, научниците велат дека сега веќе има околу 40 нови мрежи, а секоја од тие мрежи содржи по најмалку 700 ларви од кои би требало да излезат нови пајаци. Овие пајаци биле откриени во Велика Британија во 1956 година. 

Научниците се оптимисти во поглед на опстанокот на овој вид, не знам колку тоа ве радува вас. Размислете два пати пред да тргнете кон Велика Британија. 

P.S. Сега знаеме од каде црпела инспирација J.K. Rowling за суштествата кои се појавуваат во “Harry Potter”. Кој гледал, знае.

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Биолозите открија како пајаците ја плетат мрежата за ловење

Отровот од најопасниот пајак – новата природна вијагра

Во авион ја каснал отровен пајак, добила отшета од 68.000 евра

Пронајдете не на следниве мрежи: