Според истражувањето кое го спроведе интернет страната firstaffaire.fr, Французите би сакале да се простат со животот на Земјата водејќи љубов.
“Двата пола едногласно се изјаснија за секс како свој приоритет.” – истакнуваат авторите на сајтот, наведувајќи дека 47% од машките и 25% од жените изјавиле дека пред крајот на светот би сакале да имаат сексуални односи.
Приближно 40% од машките за партнерка за тој “последен пат” би избрале непозната партнерка, додека 31% од жените рекле дека би сакале да водат љубов со својот редовен партнер.
Иако имаат поделени мислења за тоа со кого би имале односи пред “светот да биде проголтан во мрак”, и двата пола се сложуваат дека секс во тројка би бил најдобар начин да се простат од животот на сината планета.
Кога станува збор за познатите личности со кои би се впуштиле во последна еротска авантура, Французите остануваат патриоти до крај.
Мнозинството од Французите изјавиле дека би ја избрале Marion Cotillard пред Angelina Jolie и Milla Kunis, а најголемиот дел од жените се определиле за Leonardo DiCaprio и George Clooney.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
“Робосекс” на иднината за подолг живот
Esquire ја прогласи Мила Кунис за најсекси жена на светот
Анџелина Џоли и Бред Пит направија куќа за секс
Пронајдете не на следниве мрежи: