Последните истражувања велат дека климатските промени би можеле да го збришат бамбусот од Земјата, а бамбусот е основна храна на пандите.
Се предвидува дека доколку не се превземе ништо, до крајот на овој век пандите ќе исчезнат дури и од местата каде што се најгусто населени во Кина, велат истражувачите.
Развојот на човештвото е додатна закана за пандите, бидејќи поради луѓето, пандите не можат да дојдат до местата каде бамбусот е под помало влијание од високите температури.
“Ќе мораме да водиме големи кампањи за да ги заштитиме пандите од исчезнување” – вели водечкиот научник во оваа област, доктор Mao-Ning Tuanmu, од универзитетот Yale во САД.
“Ни треба време да разгледаме некои области каде би можеле да населиме панди во иднината, и мораме да мислиме на одржувањето на врската меѓу живеалиштата на пандите со живеалишта на други видови чијшто опстанок е поврзан со нивниот.”
Бамбусот има необичен циклус на репродукција. Постојат видови на бамбус кои се репродуцираат дури на секои 30-35 години. Дури и најоптимистичките прогнози предвидуваат дека бамбусот ќе исчезне до крајот на овој век.
“Спасувањето на бамбусот како растение ќе значи спасување и за пандите како животни.”
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Праисториски луѓе јаделе панди?
Во Бразил се клонираат загрозени животни
Галерија од Албино животни
Пронајдете не на следниве мрежи: