Sujit Kumar од индиската држава Bihar се оженил со сестрата на својата сопруга пред нејзиното мртво тело во собата за обдукција во државната болница.
Имено, неговата сопруга, Pushpa Kumari, извршила самоубиство во куќата на неговите родители. Откако нејзините родители дознале за трагичната вест, побрзале во болницата и се заканиле дека ќе ги обвинат родителите на Sujit Kumar за убиство, затоа што биле уверени дека тие ја убедиле Pushpa да се обеси. Тогаш, побарале од семејството на Sujit да му биде дозволено да се ожени со помладата сестра на починатата сопруга, на што овие се согласиле.
Нејзиното семејство било упорно и барало венчавката да се изврши веднаш, во болницата, а сведок на венчавката да биде покојната сопруга.
Морничаво, зар не?
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
61 годишна жена роди близнаци
9 годишно дете украло 3000 евра за да си купи слатки
90 пластични операции за да изгледа совршено
Пронајдете не на следниве мрежи: