“Skyfall’ заработи 90 милиони долари

Новиот филм за тајниот британски агент Џејмс Бонд „Skyfall“ во режија на Сем Мендез заработи 90 милиони долари во првиот викенд од неговото прикажување во САД, со што најверојатно ќе стане најгледаниот филм од серијалот од 23 филмови за агентот 007.

Успехот остварен во првиот викенд од прикажувањето на „Skyfall“ во САД ја зголеми неговата заработка на светско ниво, во остатокот од светот почна да се прикажува пред две седмици, на вкупно на 518 милиони долари.
Досега финансиски најуспешен филм за Џејмс бонд беше „Casino Royale“ од 2006 година, првиот во кој насловниот лик го играше Даниел Крег со вкупна заработка во светот од 594 милиони долари.
Во петокот беше објавено дека „Skyfall“ веќе стана најгледаниот филм од овој серијал во историјата во Велика Британија со заработка од 57 милиони фунти.

Макфакс

погледнете ги следниве статии

” Бал-кан-кан” филм

“Burnt by the Sun” (1994)

Предлог добар филм „The Pursuit of Happyness“

Пронајдете не на следниве мрежи: