Пет натпревари се одиграа во ноќта што измина во НБА лигата, во нив ЛА Лејкерси ја забележаа втората последовна победа, додека шампионот Мајами загуби од Мемфис.
Лејкерси ја забележаа и втората победа со привремениот тренер, „езерџиите“ го победија Сакраменто со 103.90. Двајт Хауард (23 поени, 18 скокови, 3 блокади) и Коби Брајант (20 поени, 6 скока, асистенции) и предводеа Лејкерси до третата сезонска победа, во која Мета Ворлд Пис и Пау Гасол постигнаа по 18 поени.
Мајами запиша убедлив пораз во Мемфис 104:86, во редовите на шампионот само двајца кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени – Крис Бош 22 поени и 8 скока и Леброн Џејмс 20 поени, 10 скок и 6 асистенции. Мемфис до победата го предводеа Вејн Елингтон (25 поени), Руди Геј (21 поен, 8 скокови, 5 асистенции) и Зак Рендолф (18 поени и 12 скокови).
Вицепрвакот Оклахома без проблеми се справи со екипата на Кливленд. Расел Вестбрук постигна 27, а Кевин Дурент поен помалку во победата на Оклахома со 106:91.
Тимската игра на ЛА Клиперс беше клучна за победата над Атланта 89:76. Шестмина кошаркари кај Клиперси постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасни со по 15 поени реализираа Блејк Грифин и Крис Пол.
Бруклин Нетс ја забележаа третата победа во сезоната откако со 82:74 го совладаа Орландо. Брук Лопез постигна 20 поени, а Крис Хемфрис имаше учинок од 14 поени и 21 скок, кај Орландо се истакна Глен Дејвис со 19 поени.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Џексон и Д’Ентони во прв план за клупата на Лејкерси
Фото/Видео: Хауард дебитираше за Лејкерси
Навивачите на Лејкерси го сакаат Фил Џексон за тренер
Пронајдете не на следниве мрежи: