Карабатиќ повторно игра ракомет

Францускиот ракометен репрезентативец, Никола Карабатиќ, се врати во тимот на Монпеље, тој постигна шест голови но неговиот тим одигра 30:30 против Селестат.

Карабатиќ го одигра првиот натпревар по 30-ти септември, кога беше приведен од француската полиција под сомнение дека учествувал во нелегално обложување и оти со уште неколкумина играчи го наместил мечот со Кесон.
Покрај Карабатиќ во тимот на Монпеље беа уште двајца играчи кои се осомничени за местење на споменатиот натпревар – Драган Гајиќ и Ибрахим Теџ, кои со 11 односно 10 голови беа најефикасни кај Монпеље.
Карабатиќ доби дозвола да игра ракомет, но тој сé уште се соочува со обвинението за нелегално обложување и местење на натпревар.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Златниот медал во ракометното финале го освои Франција

Карабатиќ би можел повторно да игра ракомет

Убедлив пораз од Бјасен за ракометарките на Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: