Девојка добила отказ од фирмата во која работела откако на својот фејсбук профил го навредувала американскиот претседател Барак Обама.
Дваесет и двегодишната Дениз Хелмс од гратчето Тарлок во Калифорнија напишала „Уште четири години со тој црнчуга. Можеби некој во текот на овој мандат ќе го убие“. По ова следувал отказ од компанијата „Колд Стоун Кримери“ каде работела.
Компанијата го појаснила отказот на Хелмс, оценувајќи ги нејзините ставови како
срамни и во потполност неприфатливи.
Девојката после тоа дала интервју за телевизијата Фокс и рекла дека со својот коментар не мислела да оди и да го убие Обама, но дека не и е грижа ако се случи тоа.
„Тој ништо нема направено за оваа земја. Делот околу убиството е остар, но тоа не значи дека јас би отишла и би направила нешто слично, но ако се случи тоа, не ми е грижа“ рекла Хелмс.
Таа после целата приказна на Фејсбук напишала дека не е расист или луда, туку дека само го изнела своето мислење.
Фокс наведува дека американската Тајна служба која го чува претседателот се заинтересирала за случајот, додека Хлемс вели дека сега добива закани од непознати лица.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: