Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, поради повреда, од фудбалските терени ќе отсуствува помеѓу две и три недели.
Напаѓачот на Наполи, се повреди во неделата, на натпреварот со Џенова, кој неговиот тим на „Луиџи Ферарис“ го доби со 4:2.
Пандев теренот го напушти во 38-та минута од натпреварот и според информациите на лекарскиот тим на Наполи тој се здобил со дисторзија на глуждот, на левата нога.
Поради повредата Пандев ќе го пропушти дерби натпреварот од 13-то коло, во Серија А против Милан (17. ноември), а веројатно нема да игра ниту против Каљари (26. ноември) како и гостувањето во Стокхолм, против АИК во Лига Европа (22. ноември).
Наполи на табелата во Серија А се наоѓа на третото место со 26 бодови, пет помалку од лидерот Јувентус.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Вонредно коло во Серија А: Пандев со Наполи против Лацио
Модриќ бара победа, Штимац се плаши од Пандев
Пандев го напаѓа Јувентус
Пронајдете не на следниве мрежи: