Нордискиот авиопревозник SAS кој бележи загуби планира да отпушти речиси седум илјади во рамките на обемната програма за преструктуирање коешто го бараат банките и владите за да му доделат спасителен кредит.
Компанијата SAS е притисната и од жестоката конкуренција на нискобуџетните авиопревозници и од слабеењето на активностите во светската економија и нема затворено фискална година во плус уште од 2007 година, па така кредитите се наметнуваат како основен услов за нејзин опстанок.
Седум банки и владите на Данска, Шведска и Норвешка, инаку сопственици на 50-процентен удел во компанијата, ветија спасителна кредитна линија во износ од 3,5 милијарди шведски круни (околу 520 милиони американски долари), под услов SAS да потпише договор со синдикатите за укинување на работни места и за намалување на платите.
Компанијата во рамките на новиот план за штедење веќе најави укинување на 800 работни места и продавање на регионалниот авиопревозник „Wideroе“, додека во одделот за сервисирање на авионите бројот на вработените треба да биде намален од сегашните 15 илјади, на 9 илјади.
„Ова навистина е последен обид да се обезбеди опстанокот на SAS“, заклучи извршниот директор Рикард Густафсон.
Групацијата најави се со намалување на трошоците има намера да ги подобри деловните резултатите за три милијарди шведски круни, а за истиот износ ќе се подобри финансиската позиција и преку продажба на имотот. Платите на вработените ќе бидат намалени до 17 отсто, зависно од тоа во кој сегмент од групацијата работа.
Како дополнителен товар се јавува очекуваниот огромен дефицит во пензискиот фонд од 12 милијарди шведски круни, кој произлегува од сметководствените промени. Во SAS предупредуваат дека тоа може да го избрише основниот капитал на компанијата, па најавија промени на условите за штедење во пензискиот фонд и дополнителни мерки за да се намали дефицитот на 7,6 милијарди шведски круни.
Владата на Шведска истакна дека станува збор за кредитна линија а не за капитална инјекција. Во крајна линија шведската влада да пронајде купец за SAS, а програмата за штедење би требало да го олесни тоа барање.
Од SAS во понеделникот, исто така, известија дека во третиот квартал од 2012 година нето добивката двојно се зголемила на 64 милиони долари, додека приходите пораснале за 5 отсто, на 1,6 милијарди долари.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: