Претседателот на Централноафриканската Република, Франсоа Бозиз нареди неговиот син да се уапси бидејќи одбил да плати сметка во износ од 12.000 евра.
„Капетан Кевин Бозиз е притворен по наредба на шефот на државата “ изјавил полициски извор за АФП.
Синот на претседателот поминал неколку дена во хотелот „Леџер плаза“ и не ја платил сметката за собата, оброците и другите услуги. Се проценува дека направил сметка од осум милиони франка или 12.000 евра.
Младиот Бозиз е уапсен на 6 ноември и се наоѓа во истражните простории на националната полиција.
„Кога управникот на хотелот побарал од него да ја плати сметката, тој го одбил тоа. Кога дознал за инцидентот неговиот татко, ги повикал двајцата. Кевин пред управникот рекол дека престојувал во хотелот и дека ги платил сметките. Двајцата биле однесени во националната полиција и кога било утврдено што се случило, управникот бил ослободен“ рекол изворот на АФП.
Изворот вели дека, шефот на државата тогаш сфатил дека и други службеници, особено воените, некогаш се нашле во слична ситуација и им наложи да ги платат своите сметки или ризикуваат да бидат одведени пред судот.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Француската полиција планира да ги уапси папараците кои ја сликаа гола Кејт Мидлтон
Има 2.3 милиjарди на сметка, а нема кола и стан
Најскапите хотели во светот
Пронајдете не на следниве мрежи: