Жена од сојузната американска држава Флорида којашто примала електронски пораки од Пола Бродвел, поранешната љубовница на донеодамнешниот шеф на CIA, Дејвиди Петреус, е идентификувана како Џил Кели, волонтерка која учествува во акции за помош на армијата.
„Нашето семејство со години е во добри односи со семејството на генерал Петресу. Ја почитуваме неговата и интимата на неговото семејство, а истото го бараме и за себе и за нашите три деца“, се вели во соопштението на Џил Кели, испратено до американските медиуми.
Близок пријател на генералот Дејвид Петреус вели дека Кели и нејзиниот сопруг, и двајцата цивили, се спријателиле со семејството Петреус кога тој бил на служба на флорида.
Двете семејства славеле заедно Божици а Келиеви го посетувале семејството на генералот во Вашингтон, каде живеат сестрата и синот на Џил Кели.
„Сосема е јасно дека немало ништо освен пријателство“, меѓу Кели и Петреус, изјавил за ABC News блискиот пријател на генералот, поранешен командант на командата во Авганистан а до неодамна директор на американската разузнавачка агенција CIA.
Аферата којашто најверојатно ќе стави крај на кариерата на една од во моментов најценетите воени личности од новите генерации, почна со заканувачките пораки на електронската пошта на Џил Кели, којашто се преплашила и за тоа го известила американското федерални биро за истраги FBI.
Истрагата дојде до 40-годишната поранешна припадничка на војската Пола Бродвел која една година минала во Авганистан пишувајќи ја биографијата на генералот Петреус „All In: The Education of General Petraeus”. Сите факти од страгата упатувале на заклучокот дека станува збор за генералот Петреус кој пред две седмици бил сослушан, соопштија полициски функционери за The Washington Post.
Генералот Петреус кој на функцијата директор на CIA беше малку повеќе од една година, во петокот изјави дека ден претходно му ја понудил својата оставка на претседателот Барак Обама кој веќе следниот ден ја прифатил.
„По 37 години брак донесов многу лоша одлука стапувајќи во вонбрачна врска. Таквото однесување е неприфатливо за мене како сопруг и како челник на организација како што е нашата“, беше наведено во писмото што Петреус го упати до соработниците од CIA.
Застапниците во американскиот Конгрес побараа истрага поради начинот на кој FBI го водеше случајот на директорот на CIA. Сенаторката од Демократската партија Диана Фајнстајн од државата Калифорнија, претседателка на сенаторската комисија за разузнавачките служби, изјави дека оставката на Петреус дошла како „гром од ведро небо“, како и дека парламентарците не знаеле дека е во тек истрага.
Фајнстајн за емисијата „Fox News Sunday“ изјави дека првата информација за случајот ја добила во петокот од медиумите, а веќе неколку часа подоцна јавноста е известена за оставката на Петреус. „Тоа можеше да има влијание врз националната безбедност. Мислам дека требаа да ни кажат“, рече Фајнстајн, најавувајќи дека сигурно комисијата што ја води ќе истражи зошто FBI не ги известил надлежните.
Привремено вршител на должноста на американската централна разузнавачка агенција е Мајк Морел.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Оставка на директорот на ЦИА поради љубовна афера
Оставка на шефот на обезбедувањето на чешкиот претседател поради нападот со пластичен пиштол
Британија ги повлече заканите за упад во амбасадата на Еквадор
Пронајдете не на следниве мрежи: