Хиџабот униформa на стјуардесите на ’Egypt Air’

Првпат по 80 години од основањето на најголемата египетска авиокомпанија „Egypt Air“, патниците на летовите на компанијата ќе бидат служени од стјуардеси коишто ќе носат хиџаб, традиционални муслимански шамии коишто целосно ги прекриваат вратот и косата на жената.

„Стјуардесите со хиџаб ќе служат на сите летови на компанијата, во сите земји каде што ’Egypt Air’ лета“, изјави во понеделникот за новинарите во Каиро, директорот на авиокомпанијата, Тафик Аса.
Хиџабот за стјуардесите на египетската воздухопловна компанија е дизајниран од египетски дизајнери и е изработен од лесна проѕирна ткаенина, којашто лежерно ги прекрива рамената, во традиционалните бои на компанијата – сина, златна и црвена. Според Аса, новиот елемент од униформите на стјуардесите „нема да влијае врз квалитетот на извршувањето на нивните должности за време на летот“. До декември оваа година, со брендираниот хиџаб ќе бидат обезбедени сите стјуардеси на компанијата.
Одлуката за можноста за носење хиџаб на кабинскиот персонал за време на летовите е донесена заеднички од страна на раководството на „Egypt Air“и министерството за цивилно воздухопловство по неколкуте протести на вработените на компанијата, коишто се одржаа на крајот на летото и почетокот на есента годинава. Едно од нивните главни барања беше дозволата да носат хиџаб во текот на работното време. При еден од штрајкови, во кој учествуваа повеќе од 1.200 стјуардеси, „Egypt Air“ беше принуден за 12 часа да ги откаже сите меѓународни летови.
Пред неколку дена по налог на министерот за цивилна воздушна пловидба на Самир Имбаби, на своите претходни работни места беа вратени сите стјуардеси коишто претходно добија откази поради служење на патниците во воздухопловот во хиџаб.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

SAS укинува работни места и продава имот за да добие кредит

Авион принудно слетал заради гласна молитва на патник

Турските власти дозволија лет на авион од Ерменија за Сирија по инспекција

 

Пронајдете не на следниве мрежи: