Хирурзите на клиниките и во јавните болници во Франција почнаа во понеделникот неограничен штрајк поради што се затворени голен број операциони сали.
Француските хирурзи со лиценца за самостојно работење протестираат против договорот со кој се утврдуваат условите за одредување на цените на здравствените услуги, а нивните колеги од јавниот здравствен сектор се жалат на условите за работа и на слободата на изборот на работното место за идните лекари.
Вкупно триесет синдикати и професионални здруженија се одѕваа на повикот за штрајк, што претставува реткост која станува збор за лекарската професија, забележува AFP.
Според синдикални извори, на штрајкот на приватните хирурзи во понеделникот се приклучиле 70 отсто од приватните клиники, каде што операциите најчесто се откажани или одложени. Итните случаи се препраќаат во јавните болници.
Од вкупно 37 болнички институции на подрачјето на француската престолнина Париз порачаа дека „некои служби ја прекинале работата, како и хируршките одделенија“, но дека итните случаи ќе ги примаат дежурните лекари.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Лекарите утре ќе штрајкуваат половина час
Судот ќе соопшти дали штрајкот на Клинички е легитимен
Генерален штрајк во изминатите шест недели во Грција
Пронајдете не на следниве мрежи: