Глумицата Меган Фокс и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин првпат се видени во јавноста откако станаа родители. Прекрасната глумица го роди нивниот син минатиот месец.
Познатиот пар е сликан додека оди на вечера во Калифорнија. За оваа пригода, Меган облекла црни хеланки што одлично и стојат и по кои може да заклучиме дека е во добра форма. Малиот Ноа Шенон Грин е роден на 27 септември. За него, неговата мајка напиша на твитер дека е “здрав, убав и совршен”.
Ова е прво дете на прекрасната Меган, додека Брајан има веќе 10годишен син од претходниот брак. Парот се запозна на снимањето на серијата Hope and Faith во 2004 година, а се венчаа на Хаваите во 2010.
Поврзани статии:
Меган Фокс роди машко дете
Adele стана мајка!
Мила Кунис е бремена?
Пронајдете не на следниве мрежи: