Московскиот Mercury City со своите 338 метри е највисокиот облакодер во Европа

Лондонскиот Shard и не е веќе највисокиот облакодер во Европа. Првото место со сосема задоволувачка височина, заслужено го завзеде стамбено-деловниот објект Mercury City, од Москва.

Со височина од 338,82 метри и 28 метри повеќе од досегашната највисока градба Shard, може да се каже дека би било сосема доволно оправдување за превземањето на првото место.

Mercury City располага со 75 ката, односно со пет повеќе со оглед на планираните 70 ката предвидени во 2005 година, кога и започна изградбата на овој објект. Дизајнот на објектот се направени од страна на рускиот архитект Mikhail Posokhi во соработка со американскиот архитект Frank Williams, а очекувањата се комплетната доработка на целовкупниот објект да заврши кон крајот на оваа година.

Меѓутоа оваа титула на Mercury City, ќе претставува само една кратка слава, со оглед на информацијата дека веќе следната година ќе биде готов објектот односно облакодерот Federation Tower кој се очекува да биде висок 506 метри.

Низ светот имаме и повеќе од 60 вакви градби кои со својата големина го надминуваат за некого скромниот, но за Русија највисокиот облакодер, а првото место го завзема Бурџ Калифа во Дубаи, со височина од 828 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Hi-Tech Папа – Benedikt XVI и неговиот профил на Twitter

 

 

 

 

 Ќе го гради најголемиот бордел во Европа вреден 12 милиони фунти

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Практичен и совршен мебел за вашиот мал стан

Пронајдете не на следниве мрежи: