4 луѓе кои го променија светот, а никој не слушна за нив

Не е херој само оној кој ќе се слика за најдобрите списанија и најголемите телевизиски компании откако ќе направи нешто. Понекогаш поголеми херои се оние кои направиле нешто добро, нешто големо, а воопшто не биле заинтересирани за публицитетот што доаѓа со големите дела. 
Еве неколку луѓе кои направиле повеќе од што можете да замислите, а останале тивки, мислејќи дека тоа и не е некоја голема работа.
 
Frank Wills – работел во обезбедувањето на хотелот Watergate во 1972 година, а платата која ја добивал изнесувала 80 долари неделно. Една најобична вечер, патролирајќи низ хотелот забележал отворени врати кои биле залепени со селотејп. Еднаш ги затворил вратите, но во наредната патрола повторно забележал дека вратите биле отворени, и бидејќи тоа му изгледало сомнително, тој го пријавил случајот во полиција. Ограбувачите на хотелот биле уапсени и брзо поврзани со претседателот Nixon. Ова има многу поголемо значење од што изгледа. Nixon можеше да воспостави целосна доминација на републиканската партија во САД, а кога републиканците владеат со САД, лесно е работите да излезат од контрола. 
А што доби Wills за возврат? Додека Nixon продаваше бестселери базирани на криминалот во кој бил инволвиран после својата оставка, Wills бил отпуштен од работа од хотелот, а ново работно место не можел да најде бидејќи секој се плашел да го вработи од страв од Владата на САД. Тој живеел во сиромаштија, без струја, немал пари да го плати погребот на сопствената мајка, а самиот отишол во затвор поради тоа што се обидел да украде чевли од 13 долари. Ставете ги чевлите од 13 долари на вага со криминалот на Nixon. Frank Wills почина во 2000 година.
Легендата за детето што го убило Richard Lionheart – постои легенда во Англија која зборува за неименувано дете (никој не го ни запаметил неговото име) кое убило еден од најмоќните англиски владетели (Richard Lionheart денес е претставуван во филмови од светски познати актери како Sean Connery). Арогантноста го довела кралот до смрт на 42-годишна возраст, што за тоа време бил прилично долг животен век. Во мало кралство кое било покорено од моќната Англија, Richard убил татко и син. Преостанатиот преживеан син на човекот земал самострел и започнал неуспешно да стрела кон кралот, додека овој се смеел потценувајќи го духот на малото момче. Една од стрелите го погодила во рамото, и откако раната се инфицирала, кралот умрел од гангрена. Пред да умре, го помилувал детето, но неговите поданици не ја испочитувале неговата наредба. Детето било одрано и обесено како порака за целиот народ. Richard бил моќен владетел со цврста рака, а по неговата смрт тронот го наследил неговиот брат John. Слабото владеење на John довело до формализирање на апсолутистичката власт на англиските монарси, што евентуално довело до настанувањето на демократијата. 
 
Dona Marina (La Malinche) – Кога Cortez пристигнал во “Новиот Свет”, империјата на Ацтеките имала околу 20 милиони жители. Cortez пристигнал со војска од над 600 луѓе. Пресметајте сами кој бил соодносот на силите и што можело да им се случи на конкистадорите доколку Cortez не добиел на подарок 20 робинки, меѓу кои била La Malinche, која подоцна била преименувана во Dona Marina. Таа брзо му станала преведувач на Cortez и благодарение на нејзиното познавање на културата и на пантеонот, како и на лукавоста со која успеала да ги убеди сите дека Cortez и неговите луѓе се потомци на ацтечкиот бог Кецалкоатл, императорот на Ацтеките им го предал кралството без борба. Кога дознал дека бил измамен, веќе било предоцна. Ацтеките до тој момент годишно жртвувале по 84.000 луѓе, само за богот на сонцето да не ја активира апокалипсата. Ако успееле да ги прочитаат намерите на шпанците и ги искасапеле како жртви за боговите, ги присвоиле нивните оружја и започнале истите да ги произведуваат… замислете колку нешта не би биле како што се денес. Замислете богот на сонцето да ја активирал апокалипсата, како што тие верувале дека може. 
 
Трговецот со јаглен кој го спаси кралот и француската уметност – некаде околу 1640 година, сиромашен трговец со јаглен донел дома полуудавено момче кое го извлекол од езерото блиску до кралската палата. Со сопругата ја поминале ноќта негувајќи го, се додека момчето не си ја вратило свеста и започнало да се подбива со нивното сиромашно живеалиште, храната која ја јадат, облеката која му ја дале итн. Се вели дека трговецот всушност го спасил кралот Луи XIV, а тоа било поткрепено истиот миг кога кралската гарда влегла во куќата барајќи го момчето. За својот живот, кралот на трговецот му ветувал брда и планини од злато, но историјата не дава никаква сметка како доказ дека ветувањето било исполнето. Без него, модерната Франција и голем дел од денешната уметност немаше да изгледа вака. Ако кралот се удавел во езерото, немало да владее 72 години, време кое го поминал обединувајќи ги расцепканите делови на Франција, финансирајќи ја уметноста, но и војувајќи со многу народи. Неговото неконтролирано трошење ја довело кралската каса во долгови, а набргу и целата земја во сиромаштија – нешто што довело до француската револуција. Сите ја знаете важноста на француската револуција, нели? Не е херој само оној кој ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: