Tурскиот заводник Бурак е прогласен за маж на годината

Турскиот заводник и миленик на женскиот дел на публиката, Бурак Озчивит, е прогласен за маж на годината од магазинот “GQ”.

28-годишниот актер, кој пред седум години ја започна кариерата како модел, а потоа случајно заврши во светот на актерството, ја освои титулата маж на годината и направи едиторијал за истиот магазин.

Веруваме дека оваа одлука на турскиот магазин ќе наиде на одобрување на голем број фанови на актерот, кој доста убедливо ја одигра улогата на Бали-бег.

Според изборот на истиот магазин пред десет дена е избрана турската убавица Мерјем Узерли за жена на годината.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Depeche Mode во Белград и Загреб

Beyonce наскоро во Белград!

“George Michael ќе умре од кокаин и алкохол – сеуште се дрогира!”

Пронајдете не на следниве мрежи: