Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс купот, на кој учествуваа осумте најдобри тенисери на светот, со победата во финалето над Роџер Федерер од 2:0 (7:6, 7:5).
Српскиот тенисер со освоената титула го потврди првото место на АТП листата, а со максимални пет победи на Мастерс купот освои 1.500 бодови и 1,76 милиони долари.
Најдобриот тенисер на светот, победата во финалето му ја посвети на својот татко Срѓан.
„Победата му ја посветувам на мојот татко, кој води голема борба. Сега е чувствува подобро, многу го сакам. Тато ти си најдобриот ти благодарам што секогаш веруваше во мене. Верувам дека ти ќе победиш во оваа борба“, рече Ѓоковиќ.
Српскиот играч го искоментира и својот настап во Лондон, каде забележа пет победи (Цонга, Мари, Бердих, Дел Потро и Федерер).
„Не знаев што можам да очекувам, со оглед на променливите резултати кои овде ги имав изминатите години. Само еднаш тука играв во полуфиналето, така што не знаев што да очекувам. Секогаш имам амбиција да бидам најдобар на секој турнир. Победив на сите пет мечеви што не ми се случило никогаш во кариерата. Сезоната не можеше да има подобар крај. Годината започна фантастично со титулата на Австралијан Опен“, рече Ѓоковиќ, кој ја забележа 13-та победа во 29-от меч против Федерер.
Новак со победата во Лондон ја прекина серијата од два порази во мечевите со Федерер (Вимблдон и Синсинати), оваа сезона, против Швајцарецот тој има скор 3:2.
Титулата во Лондон беше шеста за Ѓоковиќ оваа сезона, претходно тој победи на Австралија Опен, во Мајами, Торонто, Пекинг и Шангај.
Српскиот тенисер годината ќе ја заврши на првото место со 12.920 бодови, пред Федерер кој има 10.265 бодови.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Видео: Новак го освои турнирот во Шангај
Критична задравствената состојба на таткото на Новак Ѓоковиќ
Новак не дозволи изненадување, падна Бердих
Пронајдете не на следниве мрежи: