Како лажат хороскопските знаци

Знаеме дека лажењето не е убаво и ја сите ја знаеме онаа народната „На лагата кратки и се нозете“… но понекогаш и самите се фаќаме како измислуваме некои работи, а понекогаш и не можеме да ја избегнеме лагата… 
 
Според хороскопот некому лажењето му е вродено, некој лаже од забава, некој лошо лаже и…
 
Овен
Овните лажат неспретно и спаѓаат помеѓу најнеинвентивните  лажговци. Импулсивно одлучуваат да лажат. Со висок тон на гласот во ефект лажат и често забораваат што излажале, а со тоа и често самите се заплеткуваат во мрежата на лагата. Дури се сметаат за најсмешните лажговци во зодијакот.
 
Бик
Бикот лаже само во специјални ситуации, ја презира лагата па дури и полувистините. Лаже да Ве излаже и тогаш најверојатно нема ни да забележите дека тоа е така.
 
Близнаци
Најголемите лажговци во хороскопот. И кога со најнаивниот израз на лицето ќе Ви се заколнат дека не лажат…знајте лажат. Тие тоа го прават од забава, глумат но многу се претпазливи нивната лага да не повреди никого.
 
Рак
Доколку сакаат да Ве излажат ќе го направат тоа на најпрефинет начин. Тешки се за фаќање кога лажат. Точно памтат што излажале и кого излажале и нивната лага станува туѓа вистина. Но мора да се напомене дека тие ретко лажат за своја корист а многу почесто за користа на оние кои ги сакаат од се срце.
 
Лав
Лавот всушност е најискрениот знак во хороскопот. Лавот не лаже но ги преувеличува своите животни случувања, создавајќи приказна од сиријалот Џејмс Бонд… и сето тоа со силна желба да бидат во центарот на вниманието со понпезност и значајност.
 
Девица
Ретко се служи со лагата како оружје. Но кога ќе ја употреби, лагата е толку иситнета што верувајте и самите не ќе знаете што е што и зошто ве лажела.
 

Вага
Вагите ја заобиколуваат лагата. Тие попрво би премолчеле и дискретно би ја смениле темата, со нивната моќ на заведување отколку да почнат да лажат. Кога се присилени, лажат за да ги ублажат непријатните можни последици.
 

Скорпија
Најуверливиот лажго. Измислуваат безобразно и ладно, но често нивните лаги не повредуваат никого. Лажат за да се извадат од веќе лоша ситуација. Лажат потценувајќи ја интелигенцијата на другите. Затоа секогаш бараат личности кои ќе им бидат равни во лажење затоа што таквите им се предизвик. Обожаваат да играат со лагата.
 
Стрелец
Вистината е неговото најсилно оружје. Кога лаже се чувствува несигурен. Кога лаже се црвенее и почнува да пелтечи и прави разни гестикулации како би ја затскрил слабата интелигенција на за лажење.
 
Јарец
Јарецот е супер лажго. Неговите лаги се добро смислени и предвреме создадени алибија за секоја искажана лага. Тие лажат ретко но кога ќе ве излажат Вие сте излажани тешко ќе забележите дека се изманипулирани.
 
Водолија
Водолиите нејќат да лажат, но спремни се на се па дури и по секоја цена да ја „заташкаат вистината“. Доколку водолијата оцени дека треба да лаже ќе лаже до крај… Со водолиите лагата е повеќе од лага, можат стручно да ве изиграат.
 
Риба
Рибите лажат мајсторски, но секогаш за ситни и непромислени лаги само да ги избегнат обврските и да го направат својот живот по интересен.
 
Поврзани статии:
Идеални градови за живеење според хороскопскиот знак
 
Хороскоп — 10 нешта што ги нервираат знаците
 
Хороскоп: Ослабете со помош на вашиот знак
 

Пронајдете не на следниве мрежи: