Марфиевите закони за војна

Марфиеви закони за автомобили, марфиеви закони за љубов и компјутери. Но, би замислиле ли некогаш и сте слушнале ли за марфиевите закони посветени на војната.

По малку чудни, но сепак интересни. Во следниот прилог прочитајте ги неколкуте Марфи закони поврзани со нејзиното височество војната.

·         Никогаш не заборавај дека твоето оружје е направено од најевтината понуда.

·         Радарот претежно откажува ноќе и во лоши временски услови, а особено за време на тие две нешта заедно.

·         Кога ќе ослободите некоја област, погрижете се и непријателот да го знае тоа.

·         Фитилот од пет секунди секогаш гори за три.

·         Непријателот никогаш не те забележува, се додека не направиш грешка.

·         Важните работи се секогаш едноставни. Едноставното е секогаш тешко.

·         Ако нападот оди навистина добро, тогаш е заседа.

·         Битката секогаш се случува на местото меѓу двете споени мапи.

·         Непријателот главно напаѓа во две прилики: кога тој е спремен и кога вие не сте.

·         Проблемот во одењето по најсигурниот пат е тоа што непријателот го има веќе минирано.

·         Нема поубаво чувство од колку некој да пука во тебе, и промаши.

·         Другарството е многу важно за твоето преживување…Му даваш шанса на непријателот да пука во некој друг.

Погледнете ги следниве статии

 Марфиеви закони за се останато

 

 

 

 

 

 

 

 Марфиеви закони на автомобилите

 

 

 

 

 

 

 Марфиеви закони за љубовта

Пронајдете не на следниве мрежи: