Samsung спојува навидум неспоиви нешта!
Многумина при оценување на новите smartphone-и обрнуваат најмногу внимание на камерите. Се чини дека тоа ги поттикна луѓето од Samsung да направат нешто сосема оригинално – во фотоапарат да вградат Android систем кој е идентичен на оној кој го содржат телефоните.
Со овој потег, критичарите сигурно нема да донесат заклучок дека камерата во овој уред е неадекватна. Сосема е можно Samsung со овој изум да отвори нов тренд на “паметни” компактни камери, со помош на кои би можеле, на пример, да пребарувате содржини на интернет.
Комплетната позадина на нивната Galaxy камера е со големина од 4.8 инчи, а екранот е извонреден, исто како и брзината на Android на овој апарат, пишува popsci.com.
Се работи за камера од 16 мегапиксели, CMOS сензор и 21x оптички zoom. Цената на овој апарат е 500 долари. Оваа суперпаметна камера ќе поддржува и 4G технологија. Со нетрпение се очекуваат и првите тестови.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Galaxy S3 стана крал на smartphone-ите
Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad
Што преставува спорот меѓу Apple и Samsung за паметните телефони?
Пронајдете не на следниве мрежи: