Англискиот шампион, Манчестер Сити ќе го продава контроверзниот напаѓач, Марио Балотели.
Во летниот преоден рок, интерес за италијанскиот репрезентативец покажуваше Пари Сен Жермен, но менаџерот на ‘граѓаните’ Роберто Манчини реши Балотели да остане во клубот.
Ситуацијата сега е многу поинаква, контроверзниот напаѓач сезонава ретко добива можност да заигра, во Премиер лигата нема постигнато гол, додека во Лигата на шампиони во три натпревари одигра скромно 60 минути.
Манчини има квалитетни напаѓачи во тимот, па се чини дека во конкуренција на Агуеро, Тевез и Џеко, Балотели ќе биде тој кој ќе добие дозвола да замине.
Интерес за црномурестиот напаѓач покажуваат Милан и Интер, но тешко е да се верува дека тие би издвоиле помеѓу 25 и 30 милиони фунти за Балотели.
Доколку го продаде Балотели, Манчини ќе се обиде да го донесе во тимот Даниеле Де Роси. Сити, во летниот преоден рок, за Де Роси на Рома и понуди 35 милиони фунти, но римјаните ја одбија понудата.
Статусот на Де Роси во Рома е сменет од минатата недела, откако челниците на ‘волчицата’ порачаа дека за вистинска цена Де Роси може да го напушти клубот.
макфакс
Погледнете ги следниве статии
Глупостите на Балотели продолжуваат
Манчини им се нафрли на Џеко и Балотели
Ибрахимовиќ: Просечниот Балотели, за просечната Барселона
Пронајдете не на следниве мрежи: