Целосно помрачување на Сонцето на северот на Австралија

Жителите на северна Австралија во вторник ќе можат во живо да го следат целосното помрачување на Сонцето, додека за оние кои не живеат таму ќе биде обезбеден онлајн пренос од помрачувањето кое ќе трае само две минути.

Како што пренесуваат локалните медиуми, илјадници туристи, научници и аматери од сите страни на светот се упатиле кон Квинсленд за да го следат помрачувањето, надевајќи се дека облаците нема да го покријат доживувањето.
Неколку астрономски и други здруженија ќе го пренесуваат доживувањето преку интернет. Помрачувањето во Австралија ќе се случи во утринските часови на 14 ноември по локално време.
Помрачувањето својата 150 километри долга сенка ќе почне да ја фрла најпрвин на северната територија, а потоа преку североисточната територија, сè до истокот и Јужниот Пацифик.
Делумното помрачување ќе биде видливо и во источна Индонезија, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја и јужните делови на Чиле и Аргентина.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Откриена нова планета слична на Земјата

Откриена планета со четири сонца

ЦЕРН: Произведена температура 100.000 пати поголема од онаа во внатрешноста на Сонцето

 

Пронајдете не на следниве мрежи: