Џексон: Лејкерси ме изиграа, но тоа е нивна одлука

Легендарниот Фил Џексон со интересна изјава за јавноста зборува за тоа како е изигран од тимот на ЛА Лејкерси, откри некои детали околу игнорантниот однос на овој тим кон него.

„Ми се јави претседателот на Лејкерси Џим Бус и ме праша дали може да ме посети. Него и генералниот менаџер Мич Купчак со отворени раце ги примив во својот дом. Разговаравме повеќе од еден час околу моето враќање во Лејкерси. Ништо не се договоривме ниту спомнувавме финансиски детали. Само ми кажаа да им јавам за одлуката во понеделник“ изјави Џексон за „Јаху Спортс“ и додаде…

„Меѓутоа, во неделата навечер ми се јави Купчак и ми кажаа дека потпишале со Мајк Д-Ентони бидејќи тој бил најдобриот избор за денешниот Лејкерси. Тоа е нивна одлука и тоа го почитувам“ заврши Џексон.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Анри му поништи гол на својот тим

 

 

 

 

Фото: Вардарците навиваа за Вардарките

Пронајдете не на следниве мрежи: