„Ла Лига“ – Најдобар играч Меси, најдобар тренер Гвардиола

Челниците на шпанската примера дивизија, односно популарната „Ла Лига“ ги подели наградите за најдобрите поединци за минатата сезона.

Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер, додека пак за најдобар тренер во сезоната 2011/12 е избран Пеп Гвардиола.

ЛФП ги додели признанијата за минатата сезона како во Примера, така и во Секунда Дивизијата.

Лионел Меси минатата сезона прослави рекорд по бројот на постигнати голови во сите натпреварувања престигнувајќи го германецот Герд Милер. Меси исто така ја доби наградата за најдобар напаѓач во Примера.

Кога е во прашање наградата за најдобар тренер, навистина до некаде и реално е чудна одлуката со тоа што токму тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ја освои титулата во Шпанското првенство минатата сезона.

За играч на средината е избран Андрес Иниеста.

Икер Касиљас е избран за најдобар голман, Серхио Рамос е избран за најдобар дефанзивец, додека пак Чаби Алонсо за најдобар заден-везен фудбалер.

Наградата за фер-плеј ја доби дефанзивецот на Барселона Карлс Пујол, а за најдобар млад фудбалер е прогласен Иско, фудбалерот на Малага.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Анри му поништи гол на својот тим

 

 

 

 

Фото: Вардарците навиваа за Вардарките

Пронајдете не на следниве мрежи: