Девет особини кои жените ги посакуваат кај мажите

На посилниот пол често не им е јасно што е она нешто што се крие во женската глава, и што би требало да очекуваат од нив.

Сепак за секој проблем постои и соодветно решение. Кои се оние клучни особини кои секој маж би било пожелно да ги поседува, се со цел да бидат она нешто што би ги исполнило некои од посакуваните и поставени женски критериуми.

Психолозите од катедрата за социологија  при Универзитетот Орегон, спроведоа истражување помеѓу определен број на жени се со цел откивање на овие потребни особини.

Принцот на бел коњ –  Чувството на смиреност и сигурност се основната потреба на секоја жена. Без разлика на женската еманципација, секоја дама во длабочината на својата душа посакува да се чувствува заштитено и притоа нејзиниот партнер и претставува сигурна потпора на која би можела да се надева и потпре кога и да и затреба во животот.

Искреност – Како што сите жени тврдат, искреноста и довербата ја претставуваат клучната алка со секоја врска. Лажењето, неверството и занемарувањето на битните нешта, е нешто од кое што најголем дел од испитаничките се изјасниле дека им претставува страв.

Снаодливост во кујната – Оној маж кој умее да припереми здрав и вкусен оброк, притоа неплашејќи се од останатите куќни задолженија, е дефинитино сонот на секоја жена. Иако важно е да се напомене, куќните обврски и грижата за децата сепак не треба целосно да припаднат како целосна и главна обврска на оној кон кого се однесува ова.

Успех – Материјалниот статус на партнерот, неговите амбиции и кариера е нешто што исконски главен фактор што ги привлекува жените. Едноставно, на нив важно им е да знаат дека во иднина нивното семејство ќе биде секогаш згрижено на најдобриот начин.

Физички изглед – Убавината сама по себе и не е пресудна, исто како ектремно совршеното рчиси извајано мускулесто тело. Сепак, поголемиот број на дамите учеснички во ова истражување изразиле задоволство доколку нивниот партнер се грижи за своето тело и редовно ја одржува својата кондиција.

Нега –  На секоја дама и е важно нејзиниот партнер да мириса убаво. Тоа и ни би значело дека треба да бидат некои скапи парфеми или креми, но редовното одржување на лична хигиена е сепак еден од побитните фактори за господинот совршен.

Внимание – Придничкит на понежниот пол не го кријат фактот и задоволството од пружените моменти на нежности и внимание. Поклони не се потребни, доволно е само да знаат дека се сакани и дека нивниот партнер сепак мисли на нив. Букет цвеќе или некоја друга ситница секогаш ќе биде добредојдена причина за пријатно расположение.

Смисла за хумор – Кога дамите го бираат човекот со кој би го поминале остатокот од својот живот, тие сепак посакуваат тоа да биде партнер со кој никогаш нема да им биде досадно и кој секогаш ќе го знае начинот на кој духовито ќе изнуди насмевка на својата сакана.

Вештина во креветот – Иако дамите се склони да премолчат доколку нивниот партнер не е совршен во спалната соба, сепак сексот им е секако уште еден од битните фактори. Особината која го краси секој совршен љубовник е неговата способност да ги процени желбите на својата сакана како и да реагира на вистинскиот начин во вистинскиот момент.

 

Погледнете ги следниве статии

 Прв состанок – местото на кое ќе ве одведе ги открива неговите намери

 

 

 

 

 

 5 типа на жени што мажите ги избегнуваат

 

 

 

 

 

 

 За што размислуваат мажите после сексот?

Пронајдете не на следниве мрежи: