Единствениот начин на кој јавноста би заборавила на огромните скандали кои ги предизвикуваат светски познатите ѕвезди, е едноставно насочувањето на вниманието кон нешто друго.
Меѓу сите оние кои се послужиле со овој рецепт, не заостана и Кристен Стујарт, со нејзината појава на премиерата на Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2, притоа појавувајќи се во проѕирен фустан надополнет со златна долна облека, притоа предизвикувајќи сите моментално да заборават на неодамнешниот скандал поврзан со оваа актерка.
Покрај нестрпливоста на фановите за премиерата на продолжението од овој филм, долго очекувана беше и нејзината појава на црвениот тепих заедно со нејзиното момче Роберт Патинсон, после скандалозното неверство на Кристен и медиумската треска која владееше за оваа холивудска двојка.
Но, сепак креацијата на Zuhair Murad беше и повеќе од доволна да целото внимание биде насочено кон самата појава на Кристен, притоа појавувајќи се во потполно проѕирена креација, надополнета со златен долен веш, и тенок сатенски ремен.
Без било какви нелагодности, Кристен со задоволство даваше автограми на своите обожаватели додека фоторепортерите го искористуваа секој можен момент притоа сликајќи го нејзиниот задник.
Роберт Патинсон на премиерата се појави во зелено ’’Gucci’’ одело, притоа публиката судејќи по неговиот поглед и насмевка претпостави дека познатиот актер кој изнудува воздишки кај секоја своја обожавателка, веќе одамна и простил на својата сакана која го изневери на немилосрден начин.
Погледнете ги следниве статии
Twilight лудило во Лос Анџелес
Twilight со уште едно продолжение
Kristen Stewart – изненадува со новиот филм
Пронајдете не на следниве мрежи: