Мишел Обама луда по серијата “Downton Abbey “

Првата дама на Америка, Мишел Обама во друштво на својот сопруг уживаат во моментите од британската серија “Downton Abbey”, пренесуваат тамошните американски медиуми, пришто додаваат дека Мишел од тамошниот ITV канал, побарала да и ги испратат најновите видеа и продолженија од следната сезона коишто сеуште не се прикажуваат во етерот.

Новата сезона на серијата на програмата на ITV каналот започнува со своето прикажување на 6-ти јануари, а од бордот на директори при овој телевизиски медиум изразија огромно задоволство што првата дама ја обожава серијата која се прикажува на нивниот канал.

Се надеваме дека новите епизоди Мишел ќе ги задржи само за себе, не би сакале да се расипе изненадувањето за останатите фанови на оваа омилена серија, на шеговит начин истакнаа соработниците од ITV телевизискиот медум.

 

 

Погледнете ги следниве статии 

 „Уште четири години“ – Денешната фотографија на Обама, проследена со над 300.000 твитови

 

 

 

 Обама му дава совети на Џеј Зи како да биде подобар татко

 

 

 

 

 

 

 

 Прославата на годишнината од бракот на Мишел и Барак Обама

Пронајдете не на следниве мрежи: