Иако за телефони со флексибилен екран се говори во последните неколку години, до сега не се случило некој да ги комерцијализира. Samsung се одлучи да го забрза процесот.
Samsung веќе некое време планира да го претстави првиот ваков телефон, а според Wall Street Journal, сега решиле да го забрзаат развојот на оваа концептна технологија за да излезат на пазарот пред своите конкуренти Sony и LG.
Новата технологија се темели на пластични екрани наместо стаклени, со што тие би биле поцврсти, полесни и пофлексибилни. Не е образложено колку е вложено во оваа технологија, но се истакнува дека развојот е забрзан со новите иновации. Со оглед на големата заработка на Samsung, веројатно можеле да одвојат многу средства за решавање на проблемот на масовно производство на ваквите екрани.
Според најновите анализи, ваквите телефони би требало да се појават на пазарот во првата половина од 2013 година.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Нема да верувате што смисли сега Samsung!
Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad
Самсунг галакси 3 против Ајфон 4с
Пронајдете не на следниве мрежи: