Капитенот на фудбалската репрезентација на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, смета дека Стивен Џерард би требало да го напушти Ливерпул и да се пресели во ‘поголем клуб’.
Со пријателскиот натпревар помеѓу Шведска и Англија, во среда, ќе биде отворен новиот стадион во Стокхолм ‘Фирендс Арена’, а капитенот на Англија, Џерард ќе го одигра 100-от натпревар во националниот тим.
„Стивен е голем играч, почитуван во цела Европа. Кога играв против него тренерите ни говореа особено да внимаваме на него, бидејќи е тој играч кој може да направи разлика на теренот. Иако е Ливерпул голем клуб, сметам дека би требало да мине во некој ‘посериозен’ клуб.
Ибрахимовиќ дополни дека таков потег би им бил интересен на сите љубители на фудбалот.
„Сметам дека тоа би било добро и за него и за фудбалот воопшто. Тој не е класичен англиски фудбалер, кој игра со срце и со многу агресивност, туку тој поседува одлична техника и неверојатен удар“, заклучи Ибрахимовиќ.
Стивен Џерерад на мечот против Шведска ќе им се приклучи на легендарните англиски играчи кои имаат повеќе од 100 настапи за националниот тим: Питер Шилтон, Боби Чарлтон, Боби Мур, Били Рајт и Дејвид Бекам.
Пронајдете не на следниве мрежи: