Светската куќа на фудбалот ФИФА, поради случувањата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство, меѓу Србија и Велс, покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија.
Натпреварот помеѓу овие две репрезентации е одигран на 11-ти септември во Нови Сад, а Србија победи со 6:1.
Како што пренесува британскиот сервис BBC, портпаролот на ФИФА потврдил дека е покрената постапка поради однесувањето на публиката во Нови Сад, неизнесувајќи повеќе детали.
Дисциплинскиот комитет на ФИФА овој случај ќе го разгледува на седницата која е закажана за 20-ти ноември.
На истата седница ќе се разгледува и постапката против Фудбалскиот сојуз на Хрватска, поради однесувањето на натпреварот со Македонија.
макфакс
Погледнете ги следниве статии
Вокри: ФИФА и УЕФА имаат двоен стандард
Македонија се искачи на 83-тото место на ФИФА листата
Потпретседателот на ФИФА бара остри казни за Србија
Пронајдете не на следниве мрежи: