Golf 7 и Audi А3 пристигнаа на македонскиот пазар

Долгоочекуваниот модел на Volkswagen – Golf 7, седмата генерација и луксузното возило од гамата на Audi – Audi А3 сега се достапни и на македонскиот пазар преку генералниот импортер Порше Македонија.

Новиот Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Голфот е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава.Со должина од 4.255 мм, ширина од 1.799мм, како и меѓуоскино растојание од 2.637 мм, Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење.

Kапацитетот на багажникот е зголемен од 350 на 380 литри, а со новите надворешни димензии, сега и внатрешноста нуди завиден комфор со 15 мм повеќе простор за нозете на патниците назад, како и повеќе простор за рамената – 931 мм напред и 30 мм назад.

Автомобилот импресионира со богат и елегантен ентериер, комфорни седишта кои нудат завиден простор за патниците и уживање во возењето. Golf 7 се одликува со елегантен дизајн, ергономија и беспрекорна изработка.

Kупувачите, меѓу другото, во пакетот на опрема ќе може да добијат и адаптивен темпомат, систем кој го предвидува судирот и ги затегнува ремените и ги затвора прозорците, систем што го предупредува возачот дека ја сменил лентата во која дотогаш возел, систем за препознавање на сообраќајните знаци, како и систем на автоматско запирање во град (при брзини до 30 км/ч).

Новиот Golf е заснован на потполно новата и долго најавувана платформа Modular Transverse Matrix, која на групацијата Volkswagen и носи нови заштеди и сите предности на модуларната изградба на автомобили. Благодарение на употребата на челик со висока цврстина, вкупната тежина на Golf 7 е намалена за дури 100 килограми во однос на претходникот, додека потрошувачката на гориво е намалена за 13,9 % во просек, додека некои верзии се поекономични и за 23 %.

Новиот Volkswagen Golf 7 се нуди во две дизел и две бензински опции. Така, може да се избира меѓу 1,2 литарски бензински „TSI“ мотор од 84 КС, како и 1,4 литарски „ТSI“ мотор со 138 КС со технологија за деактивација на два цилиндри.

Потрошувачката и кај двата агрегати изнесува 4,9 односно 4,8 литри на 100 километри. Понудата на дизел моторите ја сочинуваат 1,6 литарски мотор со 104 КС (3,8 литри на сто километри) и 2 литарски со 148 коња (4,1 литри на сто километри. Најекономичниот модел е „Golf BlueMotion“, со комбинирана потрошувачка со 3,2 литри на сто километри и емисија на јаглерод диоксид од само 85 грами на километар.

Во склад со бренд филозофијата на Audi – „Vorsprung durch Technik ” (Водени од технологијата), Audi А3 е врвен модел со ултрамодерен дизајн, одлична моќност, удобност и импресивна стабилност.

Макфакс

 Новиот Ford Focus RS ќе има 350 КС

 

 

BMW M4 – шпиунски фотографии

 

 

Audi S3 со 1074 КС

Пронајдете не на следниве мрежи: