Законот кој го проширува опсегот на поимот велепредавство, шпионажа и оддавање државна тајна стапи на сила во средата во Русија, што тамошната опозиција го доживува како напад врз неа.
Според текстот на законот кој во октомври го усвоија двата дома на Думата (рускиот парламент) велепредавството не се однесува само на оддавање тајни информации на странски влади, туку и на давање консултации ли финансиска помош од меѓународните организации кои се вмешани во „активности насочени против безбедноста на Русија“.
Разликата е што во досегашниот закон не беа наведени меѓународните организации и се променуваше само на активностите коишто штетат на „надворешната безбедност“.
Новиот закон кој стапи на сила во средата, исто така, содржи и ново кривично дело, а се однесува на доаѓање во посед на државни тајни на илегален начин, за што може да се добие затворска казна од четири години.
Активистите за човекови права изразија стравување дека отсега разменувањето на информации со меѓународните невладини организации како на пример Amnesty International, или обраќање до европскиот суд за човекови права во Стразбур, што би можело да биде сомнително и да претставува дело коешто може да се казни според новиот закон за велепредавство.
Претходно со законот кој според Кремљ е федерален закон за регулирање на активности на невладините организации коишто имаат улога на странски агенти, кој во постапка за гласање влезе многу брзо, невладините организации коишто се занимаваат со политички активност а примаат финансиски средства од странство, ќе мора да се регистрираат при руското министерство за правосудство со одвоена регистрација и ќе мора да поднесуваат извештај пред органите и јавноста секои три месеци а во објавените материјали за јавноста ќе мора да нагласат дека ги подготвил „странски агент” и мора да изложат четиригодишен финансиски план.
Според овој закон, невладините организации коишто нема да ги почитуваат прописите се соочуваат со зголемени казни, вклучувајќи ја и шестмесечна суспензија без судски налог па до затворска казна до три години.
Опозицијата тврди дека терминот „странски агент” асоцира на шпионажа против државата, како и дека самиот закон е дел од систематското кршење на човековите права кои според нив е засилено од враќањето на Владимир Путин на претседателската должност.
Законот што западните земји го нарекоа контроверзен, го предложи владејачката партија Единствена Русија, на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, беше изгласан во првото читање во јули годинава и во итна постапка беше ставен на дневен ред во Думата и покрај спротиставувањата на активистите на невладините организации, опозициски правници, либералната опозиција и активисти за човекови права беше изгласан и од Горниот дом на Рускиот парламент Думата, со огромно мнозинство, односно само еден глас „против” и еден пратеник кој се воздржал од гласањето.