Полицијата во среда со удари од палки и гумени куршуми ги растера демонстрантите во центарот на Мадрид, за време на општиот штрајк против мерките на штедење.
Судирите избија кого стотици демонстранти се упатиле кон кордонот на интервентни полициски сили кои го блокирале пристапот кон плоштадот „Цибелес“.
Демонстрантите, кои веќе биле на плоштадот, ги опколиле полицајците кои почнале да пукаат во воздух со гумени куршуми за да се ослободат од блокадата, а потоа со палки ги растерале демонстрантите во околните улици.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во `изолирани` инциденти што се случиле од средата наутро во неколку шпански градови, 34 лица се повреден, меѓу кои 18 полицајци, а 82 лица се уапсени.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: