Кина го претстави својот прв јуришен хеликоптер

Кинеската воздухопловна компанија „China Aviation Industry corporation (CAIC) го прикажа во средата првиот кинески јуришен хеликоптер кој е претставен конкурент на американскиот Apache AH-64 и на рускиот Mi-28.

Кинескиот борбен хеликоптер со ознаката WZ-10 за дејствија против оклопни возила, претставен на аеронаутичкиот салон во Жухаи, во јужниот дел од Кина, на кој присуствуваат триесетина странски делегации.
„WZ-10 е еден од трите најдобри јуришни хеликоптери на светот“, изјави Ву Семинг, за дневниот весник China Daily, додавајќи дека кинеското летало ќе биде голема конкуренција за американските Apache и руските MI-28.
Меѓутоа, други кинески експерти сметаат дека иако со WZ-10 е полесно да се управува на мали височини отколку со Apache, тој нема ниту можност на моторите, ниту може да носи исто количество оружје како американскиот конкурент.
Саемот во Жунхаи е можност Кина да ги претстави своите амбиции во поглед на развојот на воената индустрија. Кина на оваа изложба прикажува многу нова воена опрема, меѓу кои се издвојуваат еден нов тип беспилотно летало и „невидливиот авион“ J-22.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: