ФИБА бара баскетот ‘3 на 3’ да стане олимписки спорт

Светската кошаркарската федерација (ФИБА) ќе побара од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), да обезбеди место за уште четири репрезентации, почнувајќи од ОИ во 2016 година, а воедно нова дисциплина да биде баскет ‘3 на 3’.

МОК, во изминатите години, неколку пати ги одбиваше сличните барања на ФИБА. Според досегашните правила, на ОИ учествуваат 12 репрезентации, поделени во две групи. ФИБА сака на олимпијадите да има турнир на кој ќе учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи.
Дополнително, поради популарноста ФИБА бара баскетот ’3 на 3’ да биде примен во олимпиското семејство на спортови.
Инаку, во вторникот, на состанокот во Куала Лумпур Централниот борд на ФИБА го усвои планот Европските првенства, почнувајќи од 2017 година, да се одржуваат на секои четири години.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: