Австриската банка Hypo Alpe Adria добива инјекција од 500 млн. евра

Австриската држава објави дека на национализираната банка Hypo Alpe Adria ќе и вбризга парична инјекција од 500 милиони евра со цел да помогне да се подобри состојбата во билансот на разнишаната банка.

Банката беше национализирана во 2009 година за да се спречи нејзин целосен крах, кој би го потресол целиот регион. Истовремено Hypo Alpe Adria настојува да го исполни барањето на регулаторите и да го зголеми капиталот за 1,5 отсто до крајот на годината.
Паричната инјекција од 500 милиони евра ги надмина најавените 300 милиони евра, колку што своевремено најави министерката за финансии Марија Фектер. Зголемениот расход дополнително ќе го отежне намалувањето на буџетскиот дефицит под зацртаното ниво од три отсто.
Плановите на банката да ја подобри состојбата во билансот преку продажба на одделни ограноци се насукаа во меѓувреме на тешките состојби на пазарот. Hypo се подготвува да ја продаде својата мрежа во југоисточна Европа, со цел да ги собере потребните 1,5 милијарди евра
Се шпекулира и дека банката се подготвува да издаде обврзници во вредност од една милијарда евра, кои ќе имаат гаранции од државата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: