Коха Диторе: Српски жандарми патролираат во северно Косово

Една елитна единица на српската жандармерија патролира  во северниот дел на Косово, тврди косовскиот дневен весник „Коха диторе“.

Според весникот, групата жандарми е под контрола на Белград и има задача да делува на терен во зависност од текот на преговорите на Србија и Косово, кои започнаа помеѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Престојот на српските полицајци во северно Косово, според истиот весник, го потврдуваат и високи функционери на косовската влада, а и меѓународниот фактор бил запознат со податокот дека претставници на оваа елитната единица на Србија биле присутни на северот на Косово.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Нестабилна состојбата на северот на Косово, а завршува надгледуваната независност

Српската возачка на Косово не важи

Николиќ не сака „територијален интегритет на Косово“ во документите на ЕУ

Пронајдете не на следниве мрежи: