Првиот потпретседател на хрватската влада и министер за економија, Радомир Чачиќ поднесе во средата оставка, откако унгарскиот суд го осуди на безусловна затворска казан поради сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица.
„Консеквенците се јасни, поднесувам оставка на своите функции во Владата, координатор на економските ресори и министер за економија“, изјави Чачиќ на конференција за печатот, на која присуствуваше и премиерот Зоран Милановиќ, кој изрази жалење поради заминувањето на Чачиќ.
Милановиќ најави дека до крајот на неделата би требало да биде познат наследникот на Чачиќ, но не сакаше да говори за имиња.
Жупанискиот суд во унгарскиот град Капошвар го осуди хрватскиот вицепремиер на една година и десет месеци затвор, поради предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Австријците против понатамошно ширење на ЕУ по влезот на Хрватска
Македонец пренесувал Пакистанци во Хрватска
Министерот Јанакиески на конференција во Хрватска
Пронајдете не на следниве мрежи: