На завршетокот од тениската сезона, Роџер Федерер отворено проговори околу тоа што на тениските терени се зборува.
На тенисот му се потребни брзи терени, а не се поспори и поспори подлоги, вели Федерер.
Некогашната голема разлика меѓу подлогите на тениските турнири сега е се помала и помала. Дури и брзите тревни подлоги веќе не се толку брзи како што некогаш биле, и во Вимблдон може да се отиде далеку и покрај тоа што играчот не би негувал напаѓачки стил.
„Напаѓачката игра е премногу важна, направите ги терените побрзи и ќе биде многу тешко да се браните. Можеби денешните натпревари се возбудливи, но нема никакви дилеми дека се премногу тешки. Никој не сака да погоди 15 одлични удари и тогаш да изгубат поен поради грешка на 16-тиот обид. Брзите терени би им помогнале на напаѓачите, играчите би сфатиле една многу важна работа, дека нема ништо лошо од излагањето на мрежа“ изјави Федерер.
ПУЛС24 СПОРТ
( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )
Видео: Никој не славеше со Суарез за постигнатиот гол
Фото: Дориан Бабунски во дресот на Реал Мадрид
Видео: Дурант го поздрави Валанчиунас, „ЗАКУЦА“ преку него!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: