68. ДЕН ПО ПАТЕКАТА НА ДРЖАВНОСТА- Граѓаните побараа избори и порачаа: Нема да се предадеме

И денеска, 68- ти ден, огромен број граѓани излегоа на улиците и повторно дадоа поддршка на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Народот по 68 пат, застана во одбрана на суверенитетот на државата и побара нови избори.-Ви благодарам и денеска што сте тука, уште еднаш да им покажеме дека сме сериозни, знаат и дознаа дека нема да се предадеме. Не им одговара ама ќе им го покажуваме и докажуваме секој нареден ден, истакна Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.
Традиционално, од пред Владата на РМ во еден глас ја испејаа химната и тргнаа по патеката на државноста скандирајќи: избори, избори, Македонија
 
Илиевски верува дека Претседателот Ѓорге Иванов се чувствува убаво кога го гледа сплотен народот кој веќе 68 дена е на улица. Тој рече дека Иванов е бедемот на унитарноста и на суверенитетот на Република Македонија.
-Тој е човекот кој нема да дава никаков мандат вон процедура за доделување мандат и на луѓе кои се потписници и кои претставуваат документи кои се закана за Македонија, порача Илиевски.
Истакна дека притисоците на окупаторските сили ќе продолжат во обид да го инсталираат Тиранскиот монструм во Македонија, меѓутоа, како што вели, оваа земја секогаш имала и синови и ќерки и другари и другарки кои одолевале на секакви притисоци потпомогнати од надвор.
-Претседателе, останете со нас и ние ќе останеме покрај вас, и рамо до рамо ќе ја чуваме оваа држава, му порача Илиевски на Иванов.-Ви благодарам и денеска што сте тука, уште еднаш да им покажеме дека сме сериозни, знаат и дознаа дека нема да се предадеме. Не им одговара

Пронајдете не на следниве мрежи: