Да му се извинам со време на пристојниот свет кој ме чита. Јеби га, и најпитомиот човек, кога ќе му рчкаат во фамилија, ќе се стрпи некое време, ама и ќе стане, па ќе почне да гази по битангите.
Ова ќе биде привремено. Веќе од наредниот понеделник се враќаме во нормала. Понеделнички по старо, убедливо, најчитани коментари во однос на сите македонски весници, 10.000 читања во просек, секој понеделник.
Имено, по сајтови спонзорирани од Сорос фондацијата отворено општество, а пишувано од луѓе блиски до СДСМ, без бирање зборови, брутално се атакува на мојата фамилија со низа сексуални афери.
Сајтот Буревесник не ви значи многу. Ни мене. На дното од страницата, ќе прочитате дека има едвај 2-3.000 посети дневно. За споредба, Вечер има од 50-70.000 посети секој ден. Кој, што и зошто тоа го пишува.
Зоран Божиновски од Куманово неколку пати тепан заради пишувања со плуканици од најдолен тип за други лица. Осудуван за клевети, а при извршување на пресудите утврдено е дека е без потполно средно образование, без постојана адреса на живеење и без професија и редовни приходи од работата. Истиот во раните деведесетти повремено, за викенди, работел кај мене во Радио вокс, како испомош на водителот Реџо Баљиќ, а избркан е од таму поради кражби на цеде-дискови.
Зоран Божиновски, под назнака ексклузивно(!) пишува за мојот приватен живот на сајтот кој е наведен. Кого сум ебел, со кого сум се дружел, состојбите во моето семејство, како сум заработувал на своите дваесетина години… од сето напишано, едно 80 посто се негови конструкции, а остатокот се факти: моето име, името на мојата сопруга и деца, името на Радио вокс и фирмата Меркант, во која сум работел се точни. Се помеѓу ова, е измислено.
Никогаш не сум работел како трговец. Немам брат-близнак. Ни случајно на Зоран Божиновски мојата сопруга не му дала нејзино барање за развод, бидејќи такво нешто никогаш не ни постоело. Не го ни познавам Драган Даравелски, ниту пак некој шеф на Царина по име Бруно, за кого прв пат и слушнав.
Патем, се спомнуваат имиња на луѓе, особено девојки, кои се без своја вина ставени во исклучително компромитирачки контексти и што, без сомневање, им нанело проблеми во нивниот приватен живот. Им се извинувам.
Со ништо не сум придонел за нивните проблеми од овие пишувања, но чувствувам потреба да се знае дека ги разбирам. Секој може против секого да напише што сака на интернет. Овојпат, тој некој е Зоран Божиновски.
Да потсетам, спонзорот на сајтот е Владимир Милчин, долгогодишен висок функционер на СДСМ и директор на Сорос фондација отворено општество.
Текстот ретко кој и би го приметил. Но, Бранко Геровски, човекот на Велија и на Бранко, на својот сајт Плус инфо, исто така, спонзорирано од Сорос, кој е далеку почитан од оној на Зоран Божиновски, става наслов кој исто така е, нели, најавен под ексклузивно(!) во кој става линк за да се дојде до текстот објавен на сестринскиот сајт Буревесник на Зоран Божиновски.
Бранко Геровски веќе има пресуда според која е виновен за клевета за слични пишувања во кои јас и моите соработници сме цел. Веројатно, поучен од тоа, овојпат решил да го употреби Зоран Божиновски за свои цели.
Малку потоа, за само неколку дена, нов текст. Овојпат на сајтот Либертас. Повторно најавен како ексклузивен (!). Сајт на Ацо Кабранов и Зоран Василевски. Кабранов, уредник на Велија. Зоран Василевски, уредник на весникот „Крема“ на Велија Рамковски, и од мене еднаш веќе тужен за клевета.
На суд се извини, даде ветување пред судија дека во иднина нема да има негови текстови со клевети против мене и моето семејство за да му ја повлечам тужбата и да не го објавам видеоклипот од 17 минути на кој тој е во сексуална врска, орален секс, со еден полицаец од Струга.
Во согласност со извинувањето и судската пресуда, јас до денес молчев.
Тој Зоран Василевски е близок со СДСМ. Постојат фотографии од него во женска облека, во друштво со Зоран Заев, потпретседател на СДСМ.
Во овој текст, без имиња, но со доволно блиски асоцијации, пишува дека сум имал тешка семејна кавга, и тоа со тепачки, затоа што сум се сликал со мојата уредничка на сечење торта на роденденот на Вечер.
Информацијата не е точна. Патем, досега 7 пати, откако сум јас во Вечер, на сите родендени се сече торта, се фотографира моментот, а јас сум на сликите со моите уреднички. Секако, и уредници.
Секој човек има линија на толеранција. Мојата е прилично висока, затоа што сум свесен за својот авторитет и медиумска моќ. Прифаќам дека јавна личност треба да биде подготвена да ќе трпи мешање во приватност, навреди, конструкции и обиди за омаловажување. Но, јавна личност сум јас, а не моето семејство и моите соработници.
Имам сосема поинаков начин на приватен живот од повеќето познати новинари. Ретко излегувам по кафани, особено не навечер. Не одам по приеми, амбасадорски коктели, свечени премиери… освен по исклучок. Во мојата куќа многу ретко се збори за политика и се расправа на таа тема. Сите ми соработници, и машки и женски, лично се познаваат со моето семејство. Имам пракса, проверено добра, да соработувам со исти луѓе по десетина години, без конфликти, со меѓусебна поддршка и голема доверба.
Никогаш, за 28 години новинарска кариера не сум плукал по нечиј приватен живот. Особено не по семејство. Освен еднаш. Кога 1996, сосема површно, тоа го направив кон професорот Угриновски. Без да се бара тоа од мене, подоцна му се извинив јавно на Угриновски за тоа.
Затоа, не дозволувам вмешување на недолжни луѓе со кои соработувам, а особено не на членови на моето семејство во афери од најдолен, брутален вид.
Дали треба да го правам истото што ми се прави? Треба ли да објавам озборувања за Владе Милчин и односите со неговите студентки спомнати со име и презиме, особено во осумдесеттите и деведесеттите години? Да предизвикам кризи и разводи на нивните бракови за свои ќефови?!
Треба ли да ја поставам истата аналогија за соработничките помеѓу Бранко Црвенковки и Радмила Шеќеринска, или Илинка Митрева? Не.
Геровски, ружен каков што е, не ни може да има афера со соработнички. Зоран Василевски не може по дифолт. Треба ли да пишувам за озборувањата за хомосексуалните склоности на Ацо Кабранов. Дека некој негов партнер му кажал како убаво изгледа додека носи пантолани по крој на шалвари, и дека тој со години го нема сменето тој модел за атер на пријателот?
Дали кариерите на успешни новинарки како Мирка Велиновска, Катерина Блажевска, Оливера Трајковска, Снежана Лупевска… или кариерите на успешни судијки, лекарки, бизнисменки… но и кариерите на кариерите на успешни мажи се швалерски темелени…
Не се. Секој успешен не мора да е лопов, а секоја успешна не мора да е курва. Во животот, за среќа, успехот е многу посложен. До него се доаѓа исклучително тешко. Особено ако трае долги години во низа.
Аферите кои Ацо Кабранов, Бранко Геровски, Зоран Божиновски, Владимир Милчин… ми ги отвараат на нивните сајтови се нивна беда и јад. Нивната огорченост од високите алиментации, од тоа што немаат нормални семејни животи. Немаат машки хормони. Немаат очекуван успех во професијата.
Живеат од пари кои ќе им ги фрли Милчин, како на бесни улични кучиња без педигре. Патем, обезбедувајќи им повремено и донации од американските амбасадорски фондови. Се гордеат ли во американската амбасада што спонзорираат проекти на овие, и слични ликови.
Јас не се разведувам. Скоро триесет години сум во брак со истата жена, се знаеме од деца за да може вака лесно да ми го растурите бракот. Да ме исфрлите од колосек и така да ми сјебете и кариера. По нивните пишувања, нормално, мојата сопруга мрчи и не и е пријатно. Но, тоа е нашата работа, и цената да бидеш на врвот. А бесни улични кучиња ќе има секогаш.
Како Кенеди. Патолошки афераш Ричард Никсон, како и неговиот потпретседател Линдон Џонсон, му отварале вакви афери за да му го урнат неспорно најголемиот претседателски авторитет во современата американска историја. Бадијала. Патем, Џеки Кенеди останала најголема прва дама.
Има една група манијаци, патолошки ликови, кои одат по Водно по темници, и дркаат додека гледаат како некои нормални имаат секс у кола.
Е па, манијаци, дркајте. Јас отидов да ебам.
Преземено од КУРИР.МК
https://www.kurir.mk/komentari/kolumni/91994-Ebaci-i-pazaci