На Pipa Midlton цела Англија и се потсмевнува

Литературниот првенец Pipa Midlton, помладата сестра на британската принцеза Кејт, е најголемиот извор за забавни и коментари со потсмев во цела Велика Британија.

Кога би ја виделе баналноста на советите кои како професионален организатор на забави, прослави и кампувања, ги дели на своите читатели, тогаш сигурно ќе ви стане јасно и не би останале рамнодушни. Еден од тие бисери би бил: ”Најдобро е да ги гледате ѕвездите навечер, секако кога е ведро небото”, мудро советува Pipa.

Во книгата која во британските и американски книжари доживеа вистински дебакл, бидејќи е продавана послабо дури и од книгите наменети за деца, Pipa ги надополнува своите ”бисери” и со советите во поглед на кулинарскиот свет, притоа ’’откривајќи го непознатото’’:

”Месото од пиле може да го распоредите на парчиња кои се состојат од батак, карабатак, крилца и гради.”

Списокот на ”мудрости” е бескраен идејќи до границите на објаснување на она нешто што е општо познато и како дел и од културата и општеството : ”Има нешто британско во чајот” како едно од најбаналните ”Кога приготвувате поклон, не заборавајте да ја тргнете цената од него”.

Списокот е бескраен а доколку би сакале да ги прочитате и останатите ”бисери” на сестрата на британската принцеза Кејт, Pipa Midlton, активирајте го вашиот Twitter профил и посетете го блогот посветен на pippatips.

 

Погледнете ги следниве статии

 Pippa MIddleton маѓепсана од Djokovic

 

 

 

 

 

 Кој е новиот дечко на Пипа Мидлтон?

 

 

 

 

 

 

 

 

 Ме прославија зетот, сестра ми и мојот задник

Пронајдете не на следниве мрежи: