Моника Белучи воодушевена од талентите на своите ќерки

Една од најубавите жени на светот, италијанската глумица Моника Белучи која е во брак со Винсент Касел, со кој ги имаат нивните две ќерки, деветгодишната Дев и двегодишната Леона, изјави дека е воодушевена од талентите на своите ќерки.

”Не личат ни на мене, ни на Винсент. Тие се свои. Им реков дека се веќе подобри од мене. Мојата постара ќерка говори португалски без нагласок, а јас не. Исто така знае и да свири на клавир, а јас сеуште незнам. Па таа има само девет години”, се пофали преубавата Моника.

Актерката која е препознатлива по својот гламурозен изглед нагласува дека воопшто не живее во светот на луксузот, притоа истакнувајќи дека најважен дел од нејзиниот живот се семејството и пријателите.

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Моника Белучи и нејзината безвременска убавина

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Моника Белучи на црвен тепих

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Топ 5 на прекрасната Моника Белучи

Пронајдете не на следниве мрежи: