Еврокуп: Порази за Докузовски и Војдан Стојановски

Македонските преставници во второто квалитативно кошаркарско натпреварување во Европа, Еврокупот, Марин Докузовски (Лукоил Академик) и Вијдан Стојановски (Доњецк), забележаа порази во рамките на второто коло.

Марин Докузовски со Лукоил Академик, во Подгорица, загуби од Будуќност со 75:72. Абдукам Мохамед со 15 и Дерил Воткинс со 14 поени беа најефикасни во редовите на бугарскиот првак. Докузовски со Лукоил по две кола има победа и пораз.
Војдан Стојановски и Доњецк се поразени во Истанбул од Галатасарај со 72:68. Македонскиот репрезентативец на паркетот мина 37 минути и со 12 поени беше втор според ефикасноста зад Рамел Кари кој уфрли 17 поени. Војдан на 12 поени придодаде уште  по 4 асистенции и украдени топки и 3 скока.
Најдраматичниот меч во второто коло во Еврокупот го одиграа Кахасол и Црвена ѕвезда, на кој белградскиот тим забележа победа по дополнителните пет минути.

Група А:
Хапоел Мигдал-Нимбурк 69:86
Будивелник-Преинаи 84:57

Група Б:
Будуќност-Лукоил Академик 75:72
Шарлроа-Билбао 69:85

Група Ц:
Триумф-Артланд Драгонс 84:79
Рига-Ле Ман 80:89

Група Д:
Азомваш-Валенсија 70:76
Банвит-Вирцбург 101:82

Група Е:
Локомотив Кубан-Трефл Сопот 99:79
Галатасарај-Доњецк 72:68

Група Ф:
Уникс-Остенде 83:72
Паниониос-Стелмет 70:76

Група Г:
Спартак Санкт Петербург-Шоле 69:60
Улм-Цибона 83:68

Група Х:
Кахасол-Црвена ѕвезда 93:95 (продолженија 83:83)
Орлеан-Динамо Сасари 88:75. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: